logo
logo
logo

Гутереш: Украина има легитимна влада

Vecer | 28.03.2025

Гутереш: Украина има легитимна влада

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина може да биде ставена под форма на привремена администрација под покровителство на Обединетите нации, за да се дозволат нови избори.

„Пред сè, во Украина има легитимна влада и очигледно таа мора да се почитува“, рече Гутереш на прашањето на новинарите да ги коментира изјавите на Путин.

Гутереш, исто така, истакна дека ОН не учествуваат во преговорите што САД ги водат одделно со Украина и Русија за безбедноста на Црното Море.

Путин во четвртокот предложи да се одржат разговори за воведување надворешна „привремена администрација во Украина“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk