logo
logo
logo

Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

Vecer | 14.06.2025

Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

- Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладаат, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“.

Сепак, и покрај меѓународните апели за запирање на непријателставата, Израел и Иран засега продолжуваат со меѓусебните напади. Ескалацијата почна во четвртокот со израелскиот напд врз иранските нуклерани поостројки, на што Техеран одговори со ракетни удари врз Израел.

Дени Цитринович, виш соработник во израелскиот Институт за студии за национална безбедност, предупреди дека последиците од конфликтот би можеле да бидат доста сериозни.

- Важно е да се нагласи следново: ние сме само на почетокот на конфронтација која веројатно ќе се покаже како сосема поинаква од претходните директни судири меѓу Израел и Иран, изјави Цитринович за „Волстрит џурнал“.

Според него. овој пат кампањата се чини дека е под мотото „сè или ништо“, а последиците би можеле да бидат доста сериозни и за иднината на Иран и за стабилноста на регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk