logo
logo
logo

Гутереш: Потребен е итен и праведен мир во Украина

Vecer | 23.02.2025

Гутереш: Потребен е итен и праведен мир во Украина

- Повторно ја истакнувам итната потреба од праведен, одржлив и сеопфатен мир – мир кој целосно ќе го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, изјави Гутереш.

Украина утре ќе биде во фокусот на дебатите во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, особено во контекст на новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара начин да ја заврши војната со одредени отстапки кон Русија.

- Осумдесет години по крајот на Втората светска војна, војната во Украина претставува сериозна закана не само за мирот и безбедноста во Европа, туку и за самите темели и клучни принципи на Обединетите нации, предупреди Гутереш.

Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, почнувајќи војна што доведе до десетици илјади жртви од двете страни на фронтот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk