logo
logo
logo

Гутереш: Насилството од страна на Хамас не го оправдува колективното казнување на Палестинците

Vecer | 08.12.2023

Гутереш: Насилството од страна на Хамас не го оправдува колективното казнување на Палестинците

На состанокот на Советот за безбедност на светската организација тој повторно повика на „хуманитарен прекин на огнот“. Тој го упати својот апел пред гласањето што се очекува денеска за резолуцијата со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа.

-Недискриминираното ракетно истрелување на Хамас врз Израел и употребата на цивили како жив штит ги прекршуваат законите на војната, но таквите акции не го ослободуваат Израел од сопствените обврски, нагласи Гутереш.

Се очекува денеска Советот за безбедност на ОН да се изјасни за нацрт-резолуцијата со која се бара прекин на огнот од хуманитарни причини.

Гласањето беше одложено за неколку часа до средбата меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на неколку арапски земји и Турција.

Ентони Блинкен, пак, се сретна со катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и разговараа за координирање на напорите за обезбедување ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас и важноста да се спречи ширењето на конфликтот надвор од Појасот Газа. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk