Гутереш „недвосмислено ги осудува масовните напади“, изјави неговиот портпарол, Стефан Дужарик, во соопштение објавено синоќа.
„Генералниот секретар остро ја осудува загубата на цивилни животи и е длабоко вознемирен од зголемениот број на цивили“, наведе портпаролот, пренесен од германската агенција
И покрај прекинот на огнот во конфликтот во Иран, Израел започна големи напади врз цели во Либан, вклучително и во главниот град Бејрут.
Според либанското Министерство за здравство, само вчера се убиени најмалку 182 лица.
Израелската војска соопшти дека целта на нападите биле команданти на Хезболах и воената инфраструктура, додека либанските власти соопштија дека меѓу жртвите имало многу цивили, пренесува ДПА.
За разлика од Иран, САД и Израел не сметаат дека Либан е опфатен со договореното двонеделно примирје. Поради ова Иран размислува да се повлече од примирјето, објави иранската агенција Фарс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата