logo
logo
logo

Група американски сенатори покренаа резолуција за блокирање на нападите врз Венецуела

Vecer | 04.12.2025

Група американски сенатори покренаа резолуција за блокирање на нападите врз Венецуела

Демократските сенатори Тим Кејн од Вирџинија, Чак Шумер од Њујорк и Адам Шиф од Калифорнија, како и републиканскиот сенатор Ранд Пол од Кентаки, се повикаа на Резолуцијата за воени овластувања за да предизвикаат дебата и гласање во Конгресот за блокирање на употребата на американските сили против или во рамките на венецуелската територија.

Двопартиската група сенатори веќе неуспешно се обиде да донесе слична резолуција, но речиси сите републиканци гласаа против неа, објавија американските медиуми.

Но, сенаторите велат дека има обновен интерес од републиканските пратеници поради зголемените закани од администрацијата на Трамп против Венецуела и истрагите за смртоносни напади во меѓународните води во Карипското Море и Тихиот Океан.

Во заедничката изјава на четворицата сенатори се нагласува дека „неовластената воена акција против Венецуела би била колосална и скапа грешка што непотребно ги загрозува животите на припадниците на нашата војска.

Конгресните комисии предводени од републиканците започнаа истраги за американската воена кампања покрај брегот на Венецуела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk