logo
logo
logo

Гроси: Гуклеарен надзорен орган на ОН треба да учествува во преговорите меѓу Иран и САД

Vecer | 17.04.2025

Гроси: Гуклеарен надзорен орган на ОН треба да учествува во преговорите меѓу Иран и САД

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нуклеарниот надзорен орган на ОН треба да има улога во преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и Вашингтон пред вториот круг разговори меѓу двете земји.

Гроси, кој вчера пристигна во Техеран, разговараше со министерот за надворешни работи Абас Арагчи и со шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, за начините на кои МААЕ може да ги поддржи нуклеарните преговори меѓу Техеран и Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран доколку преговорите не успеат.

„Во контакт сум со американскиот преговарач за да видам како агенцијата може да стане мост меѓу Иран и САД и да помогне да се постигне позитивен исход во преговорите“, рече Гроси, прецизирајќи дека за да биде валиден секој нуклеарен договор, потребна е верификација од МААЕ. 

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk