logo
logo
logo

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, жестоко го нападна Трамп: Тој е расист, сексист и исламофоб

Vecer | 24.09.2025

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, жестоко го нападна Трамп: Тој е расист, сексист и исламофоб

Откако Трамп рече дека Лондон е управуван од ужасен градоначалник и дека Лондон сака да работи според шеријатскиот закон, Кан одговори дека чувствува дека „живее во главата на Трамп и не плаќа кирија“, објави денеска британскиот „Скај њуз“.

„Мислам дека претседателот Трамп се покажа како расист, сексист, мизогинист и исламофоб. Лондон е најголемиот град во светот, побезбеден од големите градови во САД. Воодушевени сме што го поздравуваме рекордниот број американски граѓани кои се преселуваат тука“, рече Кан.

Претседателот на САД, за време на неговото неодамнешно враќање во Вашингтон од Велика Британија, го обвини и Кан за криминалот во Лондон, за кој рече дека е „на својот врв“, и додаде дека градоначалникот е „катастрофа“ за имиграцијата.

Лошиот однос меѓу двајцата, нè потсетува „Скај њуз“, датира од 2015 година, кога Трамп, за време на претседателската кампања во САД, повика на целосна забрана за влез на муслимани во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk