logo
logo
logo

ГОРИ ТАНКЕР КАЈ КАТАР, Доналд Трамп најави вонредно обраќање

Vecer | 01.04.2026

ГОРИ ТАНКЕР КАЈ КАТАР, Доналд Трамп најави вонредно обраќање

Растат тензиите на Блискиот Исток. Околу 00:35 часот, според Средноевропско време, два проектила погодија танкер за нафта кај Доха. Британските поморски власти го потврдија нападот во територијалните води на Катар, но се уште нема информација под чие знаме пловел бродот и кој ги лансирал ракетите.

„Пријавено е дека танкерот е погоден во неговта лева страна, предизвикувајќи оштетување на трупот над линијата на водата. Сите членови на екипажот се безбедни“, се вели во соопштението од УКМТО. Како што се појаснува, едниот проектил предизвикал пожар, кој во меѓувреме е изгаснат, додека вториот останал неексплодиран во машинската просторија на бродот.

Надлежните служби го истражуваат инцидентот и според достапните информации, нема загадување на животната средина.

Нападот се случува еден ден откако танкер што превезуваше околу два милиони барели нафта од Кувајт и Саудиска Арабија беше погоден од ирански напад со беспилотни летала додека беше закотвен крај брегот на Дубаи.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, најави обраќање кон јавноста. 

.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk