Голем дел од Чешка попладнево остана без електрична енергија поради сериозен дефект во електроенергетската мрежа, како што потврдија од националниот оператор.
Моментално можеме да потврдиме дека има прекин во снабдувањето со електрична енергија кој зафати значаен дел од Чешка.
Настаната ситуација е исклучителна и предизвикува загриженост.
Железничкиот сообраќај е во прекин во пет од вкупно четиринаесет покраини, вклучувајќи ја и Прага, соопшти министерот за сообраќај, Мартин Купка. И метрото во главниот град привремено прекина со работа.
Причината за прекинот бил урнат далновод, а струјата беше вратена во најголем дел од засегнатите региони неколку часа по настанот.
Полицијата наведе дека нема никакви индикации за сајбер или терористички напад, а дефектот се случи во период кога Европа веќе се соочи со слични хаварии претходните месеци во Португалија и Шпанија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата