Протести се одржаа во Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Мајами и Лос Анџелес, и немаше инциденти, објавија денеска американските медиуми.
Според организаторите, протестите беа мирни.
Голем број луѓе излегоа на улиците на градовите и местата низ САД вчера за да го изразат своето незадоволство од политиките на американскиот претседател Доналд Трамп на протестите организирани од коалиција на организации собрани во движењето „Без кралеви“ (No kings) кои републиканците ги осудија како собири на „омраза кон Америка“, пренесува Cи-Би-Ес.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата