Американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ ја подигна во вторникот процената на приходот од продажбата на вакцината против Covid-19 годинава на 37 милијарди долари, благодарејќи на договорите за продажбата на третата доза и вакцинирањата на пошироките демографски групи на населението.
Кон крајот на јули компанијата проходот од продажбата на вакцината го процени на 33,5 милијарди долари.
Во „Pfizer“ сега очекуваат дека оваа година ќе испорачаат 2,3 милијарди дози од вакцината, за 200 милиони повеќе отколку што очекуваа во јули, според договорите склучени до средината на споменатиот месец. Потврдија дека оваа година планираат да произведат три милијарди дози од вакцината против Covid-19.
Разликата во производството и испораките ќе биде книжена во приходите за следната година, напомнуваат, проценувајќи го директниот приход од продажбата на вакцината во 2022 година на 29 милијарди долари, според договорите склучени до средината на октомври годинава.
Додаваат и дека продолжуваат преговорите со владите за потенцијални дополнителни нарачки во текот на следната година.
Проценувајќи дека во 2022 година ќе произведат четири милијарди дози од вакцината и испорачувајќи 1,7 милијарди дози, според договорите склучени до среднината на октомври годинава.
Вкупниот приход во оваа 2021 година во „Pfizer“ го проценуваат на 81 до 82 милијарди долари. Во јули го проценуваа на 78 до 80 милијарди долари.
Во периодот од јули до септември годинава компанијата благодарејќи на вакцината го удвоила приходот за повеќе од двојно во однос на истиот период минатата година, пред регистрирањето на вакцината, на 24,1 милијарди долари.
Нето добивката скокнала во летното тримесечје на 8,1 милијарди долари, од 1,46 милијарди долари во истиот период минатата година. Кога ќе се исклучат еднократните ставки, прилагодената добивка е повеќе од удвоена на 7,68 милијарди долари.
Трошоците за истражувања и развој, исто така, се зголемени за 50 отсто, на 3,44 милијарди долари, во рамките на соработката со биофармацевтската компанија „Arvinas“ на лекот за ракот на дојката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата