logo
logo
logo

Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај

Vecer | 03.03.2025

Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај

Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај откако попладнето беше евакуирана поради неодредена закана, а некои австриски медиуми објавија дека станува збор за закана за поставена бомба.

„Добри вести! Нашите возови повторно сообраќаат на главната станица во Виена. Очекувајте продолжување на доцнењата и откажувањата на возовите“, соопшти националната железничка компанија ОББ.

Австриската полиција претходно ја евакуираше главната железничка станица во Виена, а „Куриер“ објави дека станува збор за закана за бомба. 

Откако беше спроведена голема полициска акција, вклучително и евакуација, прекин на сообраќајот на возот и јавниот превоз низ станицата, проверките за присуство на експлозиви извршени од специјалци и обучени кучиња покажаа дека нема ништо опасно./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk