Кина, која како постојана членка на Советот за безбедност има право на вето, јасно го искажа своето несогласување со употребата на сила.
Состанокот за гласање за 15-те членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ги и петте постојани - САД, Русија, Франција, Велика Британија и Кина, беше презакажан за денеска, но на крајот беше одложен до следната недела. Не е објавен датум.
Откако првата верзија на нацрт-резолуцијата наиде на отпор од Кина и Русија, Бахреин предложи омекната верзија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата