logo
logo
logo

Германскиот канцелар жестоко го нападна Израел

Vecer | 26.05.2025

Германскиот канцелар жестоко го нападна Израел

„Загрозувањето на цивилното население до таков степен, како што е сè почесто случај во последните денови, повеќе не може да се оправда со борбата против Хамас“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц и додаде, коментирајќи го случајот со смртта на децата во училиште, дека „тој повеќе не ја разбира целта со која израелската армија моментално дејствува во Појасот Газа“.

Мерц ја предупреди владата на Бенјамин Нетанјаху дека пријателите на Израел не можат да толерираат сè што прави Ерусалим.

„Израелската влада не треба да прави нешто што дури ни најголемите пријатели на Израел не можат да го толерираат во еден момент“, рече Мерц (Христијанско-демократската унија ЦДУ) на јавна дискусија на јавниот радиодифузен сервис WDR во Берлин.

Германскиот канцелар изјави дека Германија, „повеќе од која било друга земја во светот“, треба да се воздржи од критикување на Израел.

„Германија, како ниедна друга земја, мора да се воздржи од отворени критики кон Израел... Но, кога се преминуваат одредени граници, кога се крши меѓународното право, тогаш германскиот канцелар мора да проговори“, рече Мерц.

Германскиот канцелар најави дека оваа недела ќе разговара со израелскиот премиер и ќе го предупреди да не ги „претерува“ своите постапки против Газа.

Десетици луѓе беа убиени или ранети по синоќешниот израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во Газа, а хуманитарната помош стигнува до населението во Газа со недоволна брзина по 11-неделната израелска блокада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk