logo
logo
logo

Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска

Vecer | 10.09.2025

Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска

-Русија загрози човечки животи во земја која е дел од НАТО и ЕУ, рече Мерц во Берлин.

Тој ги опиша синоќешните настани како неодговорен чин кој е дел од долга низа провокации во регионот на Балтичкото Море и на источното крило на НАТО.

-Германската влада го осудува агресивното однесување на Русија најостро, нагласи Мерц.

Тој рече дека Варшава утрово ги информирала своите сојузници од НАТО за упадот на вооружени руски дронови во нејзиниот воздушен простор.

-Добро е што Полска, заедно со своите сојузници од НАТО, успеа навреме да ја препознае оваа опасност и да ја елиминира, рече Мерц, додавајќи дека алијансата е и ќе остане подготвена да се брани

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk