logo
logo
logo

Германски специјалци убија 17- годишен ученик од Косово (Вознемирувачко видео)

Vecer | 05.09.2025

Германски специјалци убија 17- годишен ученик од Косово (Вознемирувачко видео)

„Билд“ објави дека ученикот е 17-годишник од Косово.

Според „Билд“, ученикот нападнал наставничка со нож во округот Нордвиртел во Есен.

Наводно ја избодел во стомакот. Жртвата е тешко повредена и се очекува да биде подложена на итна операција во универзитетската болница. Сè уште не е јасно дали нејзиниот живот е во опасност.

Според „Билд“, напаѓачот е 17-годишник од Косово. Тој е ученик во училиштето каде што се случил нападот.

Сè уште не е јасно дали бил на час или влегол во училницата. Наводно ѝ се приближил на наставничката и ја избодел, а потоа веднаш по нападот избегал.

Кратко по злосторството, полицијата добила пријава за сомнително лице во парк кое одговарало на описот на сторителот. Кога полицијата се обидела да го провери осомничениот, тој наводно истрчал директно кон полицајците со нож. Потоа бил застрелан од полицијата.

Наводното видео од пукањето во момче во парк циркулира на социјалните мрежи. Видеото го прикажува момчето како лази по земја додека полицаец пука во него.

Предупредување, видеото е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!

Покрај тешко повредената наставничка, и други лица моментално добиваат медицинска помош. Најмалку 10 ученици се во шок - тие биле сведоци на инцидентот или пружиле итна медицинска помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk