logo
logo
logo

Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје

Vecer | 13.03.2025

Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје

На годишното генерално собрание на групацијата Рајнметал, Папергер рече дека нарачките доаѓаат од сите страни и дека „тој никогаш не доживеал вакво нешто во неговите 35 години во Рајнметал“, објави денеска Дојче веле.

Само за време на конференцијата за безбедност во Минхен пред неколку недели, Рајнметал беше посетен од околу педесет шефови на држави или влади, или нивни релевантни министри, а во седиштето на еден од најголемите германски производители на оружје во Дизелдорф, моментално се обработуваат нарачки вредни 55 милијарди евра, што е за 17 милијарди повеќе од веќе рекордната мината година, повеќе од кога било досега.

Се нарачува буквално се што прави компанијата за војската, од огнено оружје до оклопни возила и тенкови, но Рајнметал нуди и ракети, радарски системи и системи за надзор поврзани со противвоздушна одбрана, беспилотни летала и дигитална воена технологија.

Папергер оцени дека во Европа започнала ерата на вооружувањето, а неговата компанија профитирала - приходите и профитот се зголемени за околу 35 отсто, а се очекува растот да остане во тие размери и годинава.

Секторот за воена индустрија итно бара нов кадар поради зголемување на работата, а Рајнметал веќе вработува 32.000 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk