Танкерот под панамско знаме, наречен „Евентин“, беше запленет од германските поморски власти откако беше пронајден кај островот Руген во Балтичкото Море, што предизвика остри критики од Берлин кон Москва.
Според информациите во извештајот, издадена е наредба за запленување на танкерот, што значи дека бродот и неговиот товар од околу 100.000 метрички тони нафта, вреден околу 40 милиони евра, сега станале германска сопственост.
Стариот танкер, кој пловел од Русија кон Египет, исто така предизвика загриженост за можноста од излевање на нафта.
„Евентин“ беше вклучен во 16-тиот пакет санкции на Европската унија, кој беше насочен против Русија поради војната во Украина.
Пакетите со санкции имаат за цел да извршат дополнителен притисок врз руската „флота во сенка“, бродови кои превезуваат нафта, оружје и жито со кршење на санкциите и не се регулирани или обезбедени од конвенционалните западни даватели на услуги. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата