logo
logo
logo

Германија се вооружува- армијата купува над 20 борбени авиони и илјадници оклопни возила

Vecer | 30.07.2025

Германија се вооружува- армијата купува над 20 борбени авиони и илјадници оклопни возила

Германската влада планира да достави повеќе од 60 воени наредби за одобрување од парламентот до крајот на годината, при што Берлин сака да купи 20 борбени авиони „Еурофајтер“, до 5.000 оклопни транспортери „Боксер“ и најмалку 3.500 оклопни транспортери „Патрија“.

Како што објави „Блумберг“, се очекува германската влада утре да одобри среднорочен финансиски план што го дуплира годишниот воен буџет на 162 милијарди евра во следните четири години.

Германското министерство за одбрана, исто така, ја проучува можноста за купување неколку стотици борбени тенкови „Леопард 2“.

Дополнително, во наредните години Германија планира да се инвестираат повеќе од 15 милијарди евра во модернизација на воената сателитска инфраструктура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk