logo
logo
logo

Германија планира да резервира ВАКЦИНИ ЗА ИДНА ПАНДЕМИЈА

Vecer | 03.06.2021

Германија планира да резервира ВАКЦИНИ ЗА ИДНА ПАНДЕМИЈА

Германија планира производителите на вакцини против КОВИД- 19 годишна да им плати годишна надокнада за резервација на вакцини, со цел да создаде резервен капацитет од 600-700 милиони дози годишно, како би имале залиха за идни пандемии, рече германскиот министер за здравство Јенс Спан.

Според него, владата во Берлин планира да објави тендер за таканаречени договори за подготвеност за пандемија, кои ќе важат пет години.

„Ние во владата се согласивме дека сакаме да обезбедиме капацитет за производство на вакцини во Германија и за Германија“, рече Спан на прес-конференција, како што објави Ројтерс.

Ова, додава тој, може да се активира многу брзо, што значи дека производството на вакцини може да започне за кратко време.

Доцнењата во производството и прекумерното потпирање на одобрувањето на Европската унија за набавка на вакцини ја забавија кампањата за вакцинација на Германија против КОВИД-19, поради што официјален Берлин сега сака да го зголеми домашното производство.

Во февруари, Германија формираше работна група за производство на вакцини за воспоставување домашно производство и намалување на „тесните грла“ во синџирот на снабдување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk