logo
logo
logo

Германија на Нигерија И ГО ВРАЌА КРАДЕНОТО

Vecer | 21.12.2022

Германија на Нигерија И ГО ВРАЌА КРАДЕНОТО

Германија предаде 20 бенински бронзени артефакти од своите музеи во Нигерија, со што стана последната во низата европски земји што ги враќа уметничките артефакти во африканските земји од каде што потекнуваат.

Германија и Нигерија претходно потпишаа декларација за предавање на сите 1.130 релјефни скулптури од Бенин, кои досега беа во германските музеи.

На примопредавањето присуствуваа нигерискиот министер за надворешни работи Џефри Онјеама, министерот за информации Лаи Мохамед и германската министерка за култура и медиуми Клаудија Рот и претставници на германските музеи.

Пред повеќе од двесте години, британските војници украдоа илјадници бронзени ликови на скулптури за време на рацијата на тогаш освоеното Кралство Бенин, по што завршија во различни институции од Нов Зеланд и Германија до САД и најголемата колекција на артефакти се наоѓа во Лондон.

Министерот за информации на Нигерија, Лаи Мохамед, го повика Британскиот музеј да врати повеќе од 900 бронзени артефакти од Бенин од неговата колекција во Нигерија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk