logo
logo
logo

Германија ја забрани ултрадесничарската група Кралство Германија

Vecer | 13.05.2025

Германија ја забрани ултрадесничарската група Кралство Германија

Групата Кралство Германија има околу 6.000 следбеници и е обвинета за воспоставување така наречена „контрадржава“ во земјата и за создавање криминални економски структури.

Германската полиција утрово спроведе операции против имотите на клучните членови на групата во седум германски покраини, вклучително Баден-Виртемберг, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнска област-Пфалц, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија.

Добриндт истакна дека членовите на групата користат антисемитски теории на заговор за да ги поткрепат своите тврдења за сопствен суверенитет, додавајќи дека таквото однесување не може да се толерира во земја каде што има владеење на правото. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk