logo
logo
logo

Герхард Шредер е тешко болен- познато е од што страда поранешниот германски канцелар

Vecer | 15.04.2025

Герхард Шредер е тешко болен- познато е од што страда поранешниот германски канцелар

Откако пред две недели ја загуби правната битка пред Сојузниот управен суд во Лајпциг, Шредер не сака да го поднесе случајот пред Сојузниот уставен суд, им рекол на своите адвокати поранешниот секретар на канцеларот. Според „Билд“, Шредер се повлекол поради здравствени проблеми.

Тоа значи дека Шредер остава предметот да падне во заборав, иако неговиот адвокат Мајкл Нагел верувал дека постојат правни шанси пред највисокиот суд во земјата.

Во 2022 година, Буџетската комисија на Бундестагот го прекина финансирањето на канцеларијата на Шредер и неговите соработници, бидејќи просториите речиси повеќе не се користеа. Поранешниот канцелар поднесе тужба и се бореше низ судски постапки со години - до сега.

Ова повторно ги поттикна шпекулациите дека Шредер боледува од деменција или други сериозни болести на староста. На почетокот на февруари, психијатар му дијагностицирал „типичен синдром на исцрпеност“, со знаци на длабока исцрпеност и изразен недостаток на енергија.

Поранешниот канцелар, според германскиот портал, страда од „тешкотии со концентрацијата и меморијата, како и од нарушувања на спиењето“.

Шредер „ниту моментално, ниту во блиска иднина не е способен да го издржи физичкиот и менталниот напор што би го предизвикало продолженото – особено јавното – испрашување“. Тогаш се работеше за неговото сведочење во врска со изградбата на гасоводот Северен тек пред истражна комисија во парламентот на германската покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Во меѓувреме, според оние околу него, Шредер е примен на клиника. Неговото појавување како сведок пред покраинскиот парламент „не се очекува наскоро“.

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Шредер се соочува со постојани критики за неговиот однос со шефот на Кремљ, Владимир Путин и неговите минати ангажмани со руски компании, заклучува Билд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk