Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот на Трамп и негова имплементација“.
Генералниот секретар на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш и безусловно ослободување на сите заложници“.
- Обединетите нации остануваат цврсто посветени на поддршка на сите напори кои промовираат мир, стабилност и понадежна иднина за народот на Палестина и Израел и поширокиот регион, се наведува во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата