logo
logo
logo

Гаши: Да го започнеме новoто поглавје со отворено срце и со надеж што не згаснува

Vecer | 31.12.2025

Гаши: Да го започнеме новoто поглавје со отворено срце и со надеж што не згаснува

-Во пресрет на Новата година, ви се обраќам со длабока почит и со високо чувство на одговорност. Годината што завршува беше година на посветена работа и чекори што оставија трага. Собранието забележа видливи напредоци во транспарентноста, дигитализацијата и зајакнувањето на надзорната функција. Отворивме повеќе врати за граѓаните, идеите и дијалогот. Институцијата ја направивме поинклузивна, подостапна и подоверлива. Преку парламентарната дипломатија изградивме мостови на соработка и пријателство, претставувајќи ја нашата земја со достоинство и визија, пишува Гаши во пораката. 

Тој додава дека пред се, оваа година нè потсетила на една суштинска вистина: дека одржливиот напредок не произлегува само од процеси и реформи, туку од единството, зрелоста за градење консензус и меѓусебната доверба.

-Само кога стоиме заедно, со почит и волја да ги споиме разликите, како и со одговорност кон нашиот заеднички дом, можеме да изградиме поправедна и посветла иднина за сите нас. Во Новата година ви посакувам здравје, мир, добрина и љубов во секое семејство. Да го започнеме новoто поглавје со отворено срце, со надеж што не згаснува и со верба во нашиот потенцијал како општество, пишува претседателот на Собранието во честитката до граѓаните. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk