logo
logo
logo

Г7 РРМ: Кремљ ги користи РТ и СДА за поларизација и слабеење на општествата

Vecer | 17.01.2025

Г7 РРМ: Кремљ ги користи РТ и СДА за поларизација и слабеење на општествата

Механизмот посочува дека неодамнешните соопштенија на САД, Велика Британија и Канада разоткриваат оти Кремљ ги финансира и насочува „тајните напори“ на овие два субјекти за поткопување на општествата, преку ширење глобални дезинформации и кампањи за влијание. 

- РТ и СДА користат лажни тактики, со цел да ги искористат социјалните и политичките прашања за поларизирање и слабеење на општествата, за поткопување и делегитимирање на избраните влади и за унапредување на злонамерните интереси на Кремљ, се нагласува во соопштението. 

Според Г7 РРМ, овие активности вклучуваат одвлекување на вниманието од извршените злосторства и хуманитарни кризи предизвикани од руската агресивна војна против Украина. 

- Г7 РРМ со најголема сериозност гледа на секое странско мешање и манипулација со информациите. Членките на Г7 РРМ ќе продолжат да ги расветлуваат овие злонамерни активности, кои може да вклучуваат и непријателски кибер акции поддржани од државата, психолошки и информативни операции и тајно влијание, се нагласува во соопштението. 

Г7 РРМ посочува дека од своето основање се фокусира на спротивставување на дезинформациите спонзорирани од странска држава и на промовирање на отпорноста на општествата против странското мешање и манипулацијата со информации и спротивставувањето на овие злонамерни активности 

Покрај членките на Г7 – Велика Британија, Германија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција во активностите на Механизмот како набљудувачи се вклучени и Австралија, Нов Зеланд, Холандија, Шведска, како и НАТО./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk