logo
logo
logo

Г20 во Јоханесбург: Украина, Блискиот Исток и глобалните реформи во фокусот

Vecer | 20.02.2025

Г20 во Јоханесбург: Украина, Блискиот Исток и глобалните реформи во фокусот

Главни теми на агендата се конфликтот на Блискиот Исток и војната на Русија во Украина. Сепак, земјите во развој, како Јужноафриканската Република , Бразил и Индија, се фокусирани на прашањата за реструктурирање на глобалните институции, адаптацијата кон климатските промени и поправедниот економски развој.

Русија ќе биде претставена од министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, додека од Кина се очекува присуство на министерот Ванг Ји. Од САД ќе присуствува дипломат од американската амбасада, бидејќи државниот секретар Марко Рубио ја откажа посетата поради спор со Јужноафриканската Република  околу законот за експропријација на земјиште.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, ќе биде претставена од службеник од германското Министерство за надворешни работи.

Г20 обединува 19 земји, Европската Унија и Африканската Унија, претставувајќи околу 80 отсто од светската популација и повеќе од 85 проценти од глобалната економска моќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk