logo
logo
logo

ФТ: ЕУ НЕМА ДОВОЛНО РЕЗЕРВИ и капацитет да произведува ОРУЖЈЕ колку што и треба на Украина

Vecer | 19.03.2023

ФТ: ЕУ НЕМА ДОВОЛНО РЕЗЕРВИ и капацитет да произведува ОРУЖЈЕ колку што и треба на Украина

Производството на муниција за Украина и нејзината испорака доцни поради големиот дефицит на експлозиви во Европската унија, пишува Фајненшл тајмс.

Според весникот, ЕУ не е во состојба оперативно да ги исполнува украинските нарачки поради скудните резерви на барут, пластични експлозиви и ТНТ. Воениот конфликт во Украина откри дека во Европа нема доволно залихи на оружје, дека производствените капацитети се слаби, бидејќи залихите се исцрпени со децении и не е инвестирано доволно.

Според европските претставници, главниот проблем е што одбранбената индустрија на земјите од Европската унија не е во најдобра форма за производство на големи количини воена муниција.

Производителите на оружје од Европа предупредуваат дека зголемената побарувачка за муниција може само да доведе до зголемување на цените, кои во 2022 година се зголемени за 20 отсто, но не и до зголемување на обемот на производството. Како што се објаснува во написот, повеќето фабрики кои произведуваат муниција и компоненти веќе работат со полн капацитет. Зголемувањето на обемот на производството ќе трае најмалку три години.

Претходно весникот Политико, повикувајќи се на извори, објави дека земјите од Европската унија планираат договор вреден две милијарди евра со цел заеднички да доставуваат муниција за нивните вооружени сили и украинската армија. Европските лидери имаат за цел да постигнат договор на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ на 20 март и да добијат одобрение за новиот договор на следниот самит во Брисел, кој ќе се одржи на 23 и 24 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk