logo
logo
logo

Фрлени молотови коктели врз Рускиот културен центар во Прага, полицијата трага по напаѓачите

Vecer | 27.03.2026

Фрлени молотови коктели врз Рускиот културен центар во Прага, полицијата трага по напаѓачите

Полицијата во чешката престолнина соопшти дека се трага по сторителите на нападот што се случил синоќа. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.

Таканаречениот „Руски дом“, кој се наоѓа во близина на руската амбасада во дипломатскиот кварт Дејвице, е под управување на руска државна агенција која се наоѓа на листата со санкции на Европската Унија поради ширење пропаганда на Кремљ. И покрај санкциите, центарот продолжува да нуди јазични курсеви, да доделува награди за превод и да прикажува руски филмови.

Противниците на неговата работа подолго време бараат затворање на објектот, кој постои во Прага од 1971 година. Минатиот април, десетици активисти од иницијативата „Глас на Украина“ протестираа пред зградата против руската инвазија врз Украина.

Тогашниот руски амбасадор во Чешка, Александар Змеевски, подоцна се пожали на, како што рече, „нездравата атмосфера“ во Прага.

Инаку, Чешкиот центар во Москва беше затворен уште во март 2022 година, веднаш по почетокот на целосната руска инвазија врз Украина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk