Средбата ќе се одржи во контекст на плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за стекнување на островот, кои предизвикаа дипломатско внимание и потенцијални тензии меѓу сојузниците.
Агендата на состанокот вклучува дефинирање на границите на прифатлив ангажман за Данска и Гренланд.
Генералниот секретар на НАТО вчера се сретна со Трамп со кого разговараа за нацрт-верзиите на идниот договор за Гренланд и безбедносните аспекти на Арктикот.
Фредериксен вчера, по пристигнувањето на самитот на Европската унија во Брисел, изјави дека суверенитетот на земјата е неповредлива „црвена линија“, но дека Данска е отворена за зајакнување на безбедносната соработка во арктичкиот регион.
Како што објави „Гардијан“, Фредериксен им се заблагодари на другите земји-членки на Европската унија за нивната поддршка, нагласувајќи дека заедничкиот и унифициран пристап на Европа носи резултати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата