logo
logo
logo

Французите 12 години чекаа нов нуклеарен реактор- се изгаснал по еден ден откако бил вклучен

Vecer | 05.09.2024

Французите 12 години чекаа нов нуклеарен реактор- се изгаснал по еден ден откако бил вклучен

Тимовите на ЕДФ го вклучија Европскиот реактор под притисок (ЕПР) на 3 септември, но тој автоматски се исклучи следното утро, рече портпаролката на компанијата, потврдувајќи ги медиумските извештаи.

„Првите наоди од техничката дијагноза водат до заклучок дека инцидентот може да е поврзан со неправилна конфигурација на инсталацијата“, додаде портпаролката. „Реакторот поминува низ долг и сложен процес на стартување кој бара бројни испитувања и тестови и понекогаш може да предизвика автоматско исклучување“, истакна таа, според извештајот на новинската агенција АФП.

Најновиот реактор на ЕДФ требаше да биде модел за новата генерација електрани што ги сака претседателот Емануел Макрон во наредните децении. Тој беше завршен со 12 години задоцнување по цена од 13,2 милијарди евра, приближно четири пати повеќе од планираното. Истите модели на реактор веќе се пуштени во употреба во Кина и Финска.

„Финскиот ИПР имаше неколку прекини, особено поврзани со хидраулични пумпи кои беа неисправни и требаше да се заменат“, рече Николас Голдберг од Колумбус Консалтинг.

Во мај, EDF инсталираше ураниумско гориво во реакторот и спроведе серија тестови. Во понеделникот, компанијата доби дозвола од француската агенција за нуклеарна безбедност ASN да започне реакција на фисија.

Нуклеарната централа во Фламанвил постепено ќе го зголемува производството до 25 отсто од капацитетот, а потоа ќе биде поврзана на мрежата „до крајот на есента“, соопшти ЕДФ. Досега поврзувањето беше планирано за крајот на летото. Реакторот има капацитет од 1.600 мегавати и ќе биде најголемиот производител на електрична енергија во Франција, снабдувајќи со електрична енергија околу три милиони домаќинства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk