logo
logo
logo

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

Vecer | 28.03.2025

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

Француското обвинителство вчера побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози, кој се соочува со обвиненија за незаконско финансирање на кампањата од режимот на сега починатиот либиски владетел Моамер Гадафи.

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и криминален заговор за извршување кривично дело.

Обвинителот Себастиен де Ла Туан ги опиша обвиненијата против Саркози и другите 12 обвинети како „корупција од висок интензитет“.

Де Ла Туан рече дека Саркози склучил „фаустовски пакт за корупција со еден од најомразените диктатори во последните 30 години“.

Обвинителите побараа и петгодишна забрана за политичка активност и користење на одредени привилегии.

Надвор од судницата, адвокатите на Саркози им рекоа на новинарите дека бараните казни се строги и неосновани и дека тој е невин.

„Ќе продолжам да се борам сантиметар по сантиметар за вистината и да верувам во мудроста на судот“, објави Саркози на Фејсбук, додавајќи дека случајот е политички мотивиран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk