Заплената е извршена на 10 август, кога камион што доаѓал од Шпанија бил запрен на автопатот А63 во близина на Бордо, објавува „Ле Фигаро“.
Под товарот, полицијата пронашла 1.345 килограми кокаин расфрлан во десетици вреќи скриени во дрвени кутии.
Истрагата, според „Ле Фигаро“, започнала на почетокот на јули, кога Одделот за истраги во Бордо добил доверливи информации дека камионот се користел за транспорт на дрога помеѓу Шпанија и Франција.
France: Gendarmes intercepted a truck on the A63 highway near Cestas, seizing 1,345 kg of cocaine concealed in several dozen bags inside wooden crates. The truck had been monitored since early July due to suspicions of drug trafficking between Spain and France. pic.twitter.com/039IaRmiGT
— Crime Intel (@WorldCrimeIntel) August 14, 2025
Проценетата пазарна вредност на запленетата дрога е помеѓу 30 и 40 милиони евра, доколку се продава на црниот пазар, изјави полковник Кристел Тарол, раководител на Националната истражна единица (УНИ) на француската жандармерија.
Возачот на камионот, 36-годишен Шпанец, бил уапсен и обвинет за увоз, поседување, транспорт и продажба на дрога во рамките на организирана криминална група, како и за членство во криминална организација.
„Оваа заплена, една од најголемите во департманот Жиронда, укажува на загрижувачки развој на рутата за увоз на кокаин во Европа преку јужна Шпанија и Португалија“, рече обвинителот Рено Годел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата