„Ќе ве потсетам што е НАТО. Тоа е воен сојуз што се занимава со безбедноста на евроатлантскиот регион. Не е наменет да спроведува операции во Ормуската Теснина, што би претставувало кршење на меѓународното право“, рече Руфо на конференцијата „Војна и мир“ во Париз, пренесуваат британските медиуми.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот „Телеграф“ изјави дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО, откако сојузниците не ја поддржаа воената акција на САД против Иран.
Трамп го нарече НАТО „хартиен тигар“, додавајќи дека повлекувањето на САД од одбранбениот сојуз сефа е повеќе од само разгледување.
Според весникот, ова е најсилниот сигнал досега дека Белата куќа повеќе не ја гледа Европа како сигурен партнер во одбраната, откако сојузниците го отфрлија барањето на Трамп да испрати воени бродови за повторно отворање на Ормусата Теснина.
На прашањето дали би го преиспитал членството на САД во Алијансата по конфликтот, Трамп рече дека тоа веќе е надвор од разгледување.
„НАТО никогаш не ме убеди. Отсекогаш знаев дека се хартиен тигар, а тоа го знае и рускиот претседател Владимир Путин“, рече тој.
Сојузниците од НАТО не беа подготвени да помогнат во повторното отворање на Ормуската Теснина, низ која минуваат околу 20 проценти од светската нафта, а која Техеран практично ја блокираше со недели, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и гасот и закана од глобална рецесија, забележува весникот.
„Не само што не беа таму, туку беше тешко да се поверува. Не вршев многу притисок. Само реков „хеј“, не инсистирав премногу. Мислам дека треба да биде автоматски“, рече Трамп.
Тој додаде дека САД секогаш биле автоматски присутни кога станува збор за Украина.
„Украина не беше наш проблем. Тоа беше тест и ние бевме со нив и секогаш ќе бидеме со нив. Тие не беа со нас“, рече Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата