logo
logo
logo

Француската индустрија за вино на удар: Царините на Трамп винарите ќе ги чинат милијарда евра

Vecer | 01.08.2025

Француската индустрија за вино на удар: Царините на Трамп винарите ќе ги чинат милијарда евра

Претставниците на секторот ги повикуваат Париз и Брисел да обезбедат ослободување во последен момент, додека преговорите со администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè уште се во тек.

Француската федерација на извозници на вино и жестоки пијалоци (FEVS) вели дека новата царина би можела да го намали извозот во САД за дури 25 проценти, а околу 600.000 работни места поврзани со секторот се во прашање.

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, изјави дека преговорите со Вашингтон ќе продолжат и дека целта е да се добијат дополнителни гаранции и концесии.

„Нема да застанеме тука. Нашата намера е да добиеме ослободување за вина и жестоки пијалоци“, изјави Баро за радио Франс Интер.

Во Брисел, европските претставници, поддржани од лидерите во индустријата, како што е шефот на LVMH, Бернар Арно, се обидуваат да преговараат за враќање на условите што преовладуваа пред таканаречениот „Ден на ослободување“ на Трамп во април. „Увозот на вино е длабоко интегриран во американскиот пазар и овој потег ќе ги погоди и потрошувачите и американските компании“, предупреди Самуел Мас, претседател на Европската конфедерација на независни винари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk