Синагога полна со верници во Манчестер е нападната . Најмалку две лица се убиени, а тројца други се тешко повредени, пренесуваат британските медиуми.
Напаѓачот е исто така убиен. Се сомнева дека на неговото тело, кое сè уште лежи пред синагогата, биле скриени експлозиви.
На местото на настанот пристигнала единица за деактивирање бомби.
Тројца од повредените се уште се во сериозна состојба, соопшти полицијата во Манчестер. Тие додадоа дека голем број луѓе кои биле во синагогата во времето на нападот биле задржани внатре додека областа била обезбедена, но оттогаш биле евакуирани.
Полицијата беше повикана во синагогата на Хебрејската конгрегација Хитон Парк во 9:31 часот наутро на Јом Кипур - најсветиот ден во еврејскиот календар.
Прогласена е голема вонредна состојба, а службите за итни случаи и полицијата го активираа кодот „Плато“ - националниот код што службите го користат кога реагираат на „терористички напад во тек“.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат вооружени полицајци како ги насочуваат своите пиштоли кон лице кое лежи на земја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата