logo
logo
logo

Фото: Несреќа во Данска, воз удри во цистерна, загина едно лице, десетици се повредени

Vecer | 16.08.2025

Фото: Несреќа во Данска, воз удри во цистерна, загина едно  лице, десетици се повредени

Несреќата се случила помеѓу градовите Тинглев и Клиплев во јужен Јитланд, во близина на границата со Германија, пишува Би-Би-Си. Меѓу повредените има пет лица со тешки повреди, од кои две се во критична состојба.

Шеесетгодишна жена починала, потврдија властите. Според локалните медиуми, возот удрил во резервоар што се користи за транспорт на земјоделски отпад, поради што најмалку два вагона излегле од шините.

Вкупно, во возот имало 106 лица, вклучувајќи и група ученици од Сендербор.

 Полицијата соопшти дека ниту еден од учениците и наставниците не е сериозно повреден, но им е понудена психолошка поддршка. На местото на несреќата е распореден кран за да ги подигне оштетените вагони со цел да се провери дали има повеќе повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk