logo
logo
logo

Фото: Најмалку четири лица загинаа во нападот врз Мормонската црква во Мичиген

Vecer | 29.09.2025

Фото: Најмалку четири лица загинаа во нападот врз Мормонската црква во Мичиген

Напаѓачот, кој е идентификуван како Томас Џејков Санфорд, е елиминиран во престрелка со полицијата. Тој бил воен ветеран, кој од 2004 до 2008 година бил на мисија во Ирак. Санфорд бил жител на блискиот град Бартон.

Првично полицијата соопшти за двајца загинати, а неколку часа по пукањето во остатоците од црквата пронајдени се уште две жртви..

Друг 40-годишен маринец ветеран кој служел во Ирак, е осомничен за пукање во Северна Каролина во кое загинаа три лица, а петмина беа ранети помалку од 14 часа пред инцидентот во Мичиген. Полицијата во Саутпорт, Северна Каролина, го обвини Најџел Макс Еџ кој од брод отворил оган врз кафуле на брегот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го осуди нападот во Мичиген оценувајќи го како „уште еден целен напад врз христијаните“.

- Осомничениот е мртов, но сè уште има многу да се научи. Се чини дека ова е уште еден целен напад врз христијаните во САД, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social).

Тој додаде дека „мора веднаш да заврши епидемијата на насилство во земјата“.

Нападот во Мичиген е 324-то масовно пукање во САД, според Архивата за насилство со оружје (Gun Violence Archive).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk