logo
logo
logo

Форе: Француските социјалисти ќе гласаат против владата на Лекорну доколку нема радикални промени

Vecer | 06.10.2025

Форе: Француските социјалисти ќе гласаат против владата на Лекорну доколку нема радикални промени

-Преовладувачкото расположение е разочарување... Реалноста е дека сме сведоци на невидена политичка криза, изјави Форе за радио „Франс Интер“.

Форе додаде дека социјалистите би можеле да размислат за промена на својот став доколку Лекорну понуди јасни гаранции за значајни политички реформи, пренесуваат британските медиуми.

 Лекорну минатиот месец стана петтиот премиер на францускиот претседател Емануел Макрон за две години, откако парламентот го отстрани Франсоа Бајру поради неговите планови за буџетски кастрења од 44 милијарди евра во следната година. 

Премиерот Лекорну синоќа назначи 18 министри на новата француска Влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk