Во објаснувањето на уредничкиот одбор се наведува дека таа е првата жена што ја држи таа позиција, одговорна за законодавството што влијае на повеќе од 450 милиони Европејци.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, е на второто место, јапонската премиерка Санае Такаичи е на третото место, која е исто така и првата жена што ја држи таа позиција.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони е на четвртото место, мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум е на петтото место, а извршната директорка на „Џенерал моторс“, Марија Бара, и извршната директорка на „Сити“, Џејн Фрејзер, се исто така меѓу првите 10.
Списанието Форбс, исто така, ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на „Мајкрософт“, Ејми Худ, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на „Спејс Екс“, Гвин Шотвел, поп-пејачката Тејлор Свифт и индиската министерка за финансии и корпоративни работи, Нирмала Ситараман, на својата листа на 100 најмоќни жени.
На листата се наоѓаат и медиумската личност Опра Винфри, копретседателката на „Волт Дизни“, Дана Волден, британската министерка за финансии Рејчел Ривс, кинеската извршна директорка на JD.com, Сенди Ран Су, претседателката на њујоршката берза, Лин Мартин, извршната директорка на „Водафон“, Маргарита Дела Вале и главната директорка за содржини на „Нетфликс“, Бела Бахарија.
Меѓу 100-те најмоќни жени се најдоа и извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот, финансиската директорка на „Дојче Фокс груп“, Мелани Крајс, јавната личност и претприемачка Ким Кардашијан, премиерката на Конго, Џудит Суминва Тулука, Мете Фредериксен од Данска и Миа Мотли од Барбадос.
Последното место на листата го зазедоа хероините од анимираната серија „KPop Demon Hunters“ во копродукција на „Нетфликс“ и „Сони Рекордс“ за женскиот бенд од К-поп (HUNTR/X) и која до декември 2025 година беше прегледана повеќе од 325 милиони пати и стана најпопуларниот филм на „Нетфликс“ досега.
Листата, која се објавува по 22-ри пат, е креирана врз основа на четири главни критериуми - пари, медиуми, влијание и сфера на влијание - жени од областите на политиката, финансиите, медиумите, забавата, претприемништвото, а на неа се вклучени и 17 жени кои претходно не биле на листата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата