logo
logo
logo

Фон дер Лајен – Греам: Санкциите на ЕУ и САД го зголемуваат притисокот врз Русија

Vecer | 02.06.2025

Фон дер Лајен – Греам: Санкциите на ЕУ и САД го зголемуваат притисокот врз Русија

Потребно ние е вистинско примирје, потребна ни е Русија на преговарачката маса и треба да ја завршиме војната во Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната средба со американскиот сенатор Линдзи Греам во Берлин. 

Како што соопшти Еврокомисијата, на средбата се разговарало за координацијата меѓу ЕУ и САД во однос санкциите кои претставуваат одговор на тековната агресивна војна на Русија врз Украина. 

- Притисокот функционира, бидејќи Кремљ не разбира ништо друго. Затоа претседателката го поздрави тоа што сенаторот Греам се обврза да го зголеми притисокот врз Русија и да продолжи со предлог-законот во Сенатот следната недела, се наведува во соопштението. 

Фон дер Лајен го информирала Греам дека ЕУ подготвува 18-ти пакет строги санкции кон Русија, насочени кон приходите од руските енергенси, банкарскиот сектор и кон намалување на ограничувањето на цената на суровата нафта. 

- Овие чекори, преземени заедно со мерките на САД, остро би го зголемиле заедничкото влијание на нашите санкции, рекла Фон дер Лајен, додавајќи дека дополнително активностите насочени кон т.н. руска флотата во сенка би ја ограничиле способноста на Русија да ја транспортира својата нафта, што би било ефикасна мерка за кратење на ресурсите на Кремљ за водење војна. 

Фон дер Лајен и Греам разговарале и за прашањето на 20.000 киднапирани украински деца и можниот понатамошен притисок врз Русија околу ова прашање, а во врска со спорот меѓу ЕУ и САД околу царините, тие се согласиле дека најдобро сценарио би било постигнување договор пред истекот на периодот од 90 дена во кој царинските давачки се замрзнати од двете страни. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk