logo
logo
logo

Фон Дер Лајен го поздрави договорот за Газа

Vecer | 09.10.2025

Фон Дер Лајен го поздрави договорот за Газа

Ја поздравувам објавата за договор за обезбедување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, врз основа на планот кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на X.

Таа ја поздрави дипломатската работа на Соединетите Американски Држави, Катар, Египет и Турција во постигнувањето на овој пробив и додаде дека е охрабрена од поддршката на Владата на Израел и Палестинската власт.

- Сега, сите страни мора целосно да ги почитуваат условите на договорот. Сите заложници мора безбедно да бидат ослободени. Мора да се воспостави траен прекин на огнот. Страдањето мора да престане, нагласи таа.

Фон Дер Лајен додаде дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува брзата и безбедна достава на хуманитарна помош во Газа.

- И кога ќе дојде времето, ќе бидеме подготвени да помогнеме со обнова и реконструкција. Денешната можност треба да се искористи. Тоа е можност да се формира кредибилен политички пат кон траен мир и безбедност. Пат цврсто заснован на решение со две држави, напиша претседателката на Европската комисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk