logo
logo
logo

Фон дер Лајен: ЕУ не ги менува своите цели за заштита на животната средина

Vecer | 26.02.2025

Фон дер Лајен: ЕУ не ги менува своите цели за заштита на животната средина

Целите на ЕУ за заштита на природата, праведна енергетска транзиција и намалување на загадувањето со јаглерод остануваат непроменети, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на состанокот со претставници на европската индустрија во Антверпен.

Таа додаде дека ЕУ ќе биде неутрална и флексибилна кон технологиите што се користат за постигнување на поставените цели. Фон дер Лејен истакна дека ЕУ ќе обезбеди 100 милијарди евра за чисти индустрии и за промовирање на најиновативните компании.

-Треба да инвестираме повеќе од кога било во иновациите, повика таа.

Според неа, Комисијата ќе предложи измени на правилата за државна помош за да се забрза воведувањето иновации, како и план за постигнување пристапни цени на енергијата. 

Фон дер Лајен посочи дека ќе бидат претставени дополнителни мерки за надминување на зависноста од увоз на фосилни горива. Според неа, досега тежнеењето кон транзиција кон почисто производство во ЕУ придонесе за заштеда на 60 милијарди евра. 

Претходно денеска ЕК презентираше неколку предлози поврзани со намалување на цените на енергијата, промовирање на чистото производство и производство на обновлива енергија. Комисијата предложи и поедноставување на законодавството за активностите на европските компании./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk