logo
logo
logo

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Vecer | 01.06.2025

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Зборувајќи на настан на чешкото здружение „Светополук“ во Братислава, Фицо рече дека чешките и словачките претставници треба да разговараат за ставот за војната во Украина, како и за правото на вето во рамките на Европската Унија.

Според него, секоја земја-членка треба да има право на вето, бидејќи ако тоа не постои, како што рече, нема да има Европска Унија.

Фицо повика на оживување на преговорите меѓу словачката и чешката влада, но и на оживување на идејата за „Вишеградската четворка“ (В4), во која покрај Чешка и Словачка се и Унгарија и Полска.

-Можам да повторам во име на владата, во секое време, на кое било место во Словачка, на која било тема, владата е подготвена да преговара со нашиот партнер, чешката Влада, рече Фицо, истакнувајќи дека има многу теми за кои земјите треба да разговараат.

Тој рече дека групата „Вишеградска четворка“ во моментов е „политички мртва“ и тврди дека форматот бил „намерно прекинат“, пренесе ТАСР.

-Не станува збор за тоа што лидерите не се разбираат меѓусебно. Стануваше збор за постојан концентриран притисок од големите западни земји да ја распаднат В4 како силна регионална асоцијација, рече Фицо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk