logo
logo
logo

Финските власти уапсија двајца членови на екипажот на товарниот брод „Фитбург“ за оштетувањето на подводни телекомуникациски кабли

Vecer | 02.01.2026

Финските власти уапсија двајца членови на екипажот на товарниот брод „Фитбург“ за оштетувањето на подводни телекомуникациски кабли

На двајца други членови на екипажот им е забрането патување.

Каблите што ги поврзуваат главните градови Хелсинки и Талин беа прекинати претходно оваа недела, а штетата беше откриена вчера во естонската ексклузивна економска зона. Каблите се во сопственост на финската телекомуникациска компанија Елиса и се сметаат за витална подводна инфраструктура.

Хелсиншката полиција соопшти дека отворила истрага за случајот, но не објави детали за идентитетот на осомничените.

Бродот „Фитбург“ плови под знамето на Свети Винсент и Гренадини, а според податоците за поморски сообраќај, отпловил од Санкт Петербург до израелското пристаниште Хаифа. Во екипажот од 14 члена се вклучени државјани на Русија, Грузија, Азербејџан и Казахстан.

Началникот на финската полиција, Илка Коскимаки, претходно неделава изјави дека „Фитбург“ го влечел сидрото по морското дно со часови пред да биде забележан во ексклузивната економска зона на Финска. Коскимаки рече дека истражителите се воздржуваат од шпекулации дали зад оштетувањето на кабелот стои државен субјект.

Финската царина соопшти дека „Фитбург“ превезувал челик произведен во Русија, што е предмет на санкции наметнати од Европската Унија. Царинските власти, исто така, започнаа истрага за нелегалниот товар на бродот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk