logo
logo
logo

Фински претседател: За две недели постигнавме повеќе напредок кон мирот во Украина отколку за три и пол години

Vecer | 19.08.2025

Фински претседател: За две недели постигнавме повеќе напредок кон мирот во Украина отколку за три и пол години

Во последните две недели е постигнат поголем напредок кон завршување на војната во Украина отколку во последните три и пол години, изјави претседателот на Финска, Александер Стуб, на средбата во Белата куќа со претседателите на САД и Украина, со европски лидери и со генералниот секретар на НАТО.

- Фактот што денеска седиме заедно околу оваа маса има силна симболика и покажува дека сме еден тим – ‘Европа’ и ‘Соединетите Американски Држави’ – кои стојат зад Украина, рече Стуб, чие обраќање беше пренесувано во живо.

Тој посочи дека иако Финска е мала земја, таа има долга граница со Русија и историско искуство од две војни против Советскиот Сојуз во 20 век.

- Пронајдовме решение во 1944 година и сигурен сум дека ќе најдеме решение и во 2025 година за да ја запреме руската воена агресија и да постигнеме траен и праведен мир, нагласи финскиот претседател.

На синоќешната средба во Белата куќа присуствуваа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk