Сопствениците потврдиле дека предметите што им припаѓале на клиентите не биле украдени, пишува „Вашингтон тајмс“.
Грабеж од 90 секунди
Според извештајот на полицијата во Сиетл, дрскиот грабеж се случил околу пладне во четвртокот. Четворица маскирани осомничени ја скршиле стаклената врата за да влезат во продавницата, по што тројцата скршиле шест стаклени витрини и зеле дијаманти, накит и луксузни часовници.
Во тоа време, четвртиот член на бандата ги држел вработените на нишан, заканувајќи им се со солзавец и тејзер. Целата операција траела само 90 секунди, по што групата избегала со подготвен автомобил. За среќа, никој од вработените и сведоците не бил повреден.
DESPICABLE: Gang of thugs steal $2M worth of jewelry in brazen Seattle robbery pic.twitter.com/zOVoLN5CjW
— Breaking911 (@Breaking911) August 17, 2025
„Вашата доверба е сè за нас“
Иако полицијата официјално не ја објави златарницата за која станува збор, сопствениците на продавницата „Менаше и синови“ самите потврдија дека се жртви. Тие исто така објавиле преку Инстаграм за да ги смират своите клиенти.
„Сакаме да ве увериме дека накитот и часовниците на сите клиенти се безбедни и не беа меѓу предметите украдени за време на неодамнешниот грабеж во нашата продавница. Вашата доверба ни значи сè“, рекоа тие.
Еден од вработените, кој сакал да остане анонимен, им рече на локалните медиуми дека се сомнева дека крадците претходно ја извидувале областа. „Тие знаеја точно каде да одат и што да земат, ги скршија витрините и украдоа злато, смарагди и часовници Ролекс“, рече тој.
„Оваа заедница е нашиот живот“
Компанијата „Менаше и синови“ објави дека продавницата е затворена во петок и нема да биде отворена до вторник, кога повторно ќе ги отвори своите врати. Ко-сопственикот Џош Менаше испратил силна порака преку локалниот радиодифузер КОМО-ТВ.
„Ќе бидеме во Западен Сиетл - го сакаме овој бизнис, оваа заедница е нашиот живот. Оваа продавница е тука за да остане и ние сме подготвени за акција. Ова е тажно нешто што го направија на долгогодишен бизнис. Не сакам ова да му се случи на никому друг“, заклучил Менаше.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата