logo
logo
logo

Филипинските безбедносни сили елиминираа 10 исламисти на островот Минданао

Vecer | 17.04.2026

Филипинските безбедносни сили елиминираа 10 исламисти на островот Минданао

Безбедносните сили се обидоа да го уапсат Мангоранка но се судрија со неговите приврзаници. Во престрелката учествувача и  сопругата на Мангоранка и уште три жени. Тие се убиени, како и Амерол.

Јужниот остров Минданао, кој сочинува една третина од претежно католичкиот архипелаг на Филипини, е дом на муслиманско малцинство од околу пет милиони. Порозните граници, слабата полиција и изобилството огнено оружје во рацете на локалното население обезбедуваат плодна почва за исламистички бунтовнички групи.

Во 2014 година, властите во Манила потпишаа мировен договор со најголемата група на Филипини, Националноослободителниот фронт Моро, со што заврши крвавиот вооружен конфликт. Сепак, сè уште постојат помали исламистички групи кои се противат на мировниот договор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk