„Дојде денот за ’Маршот на мирот’ во Будимпешта. Денеска испраќаме порака до целиот свет: Унгарија вели НЕ на војната! Нема да гинеме за Украина. Нема да ги праќаме нашите деца во кланица по налог на Брисел“, рече Орбан пред митингот на мрежата X.

Претходно тој објави видео од дрон на својата Фејсбук страница, пишувајќи дека „Марш на мирот - најголем досега“.
„Маџар Немзет“ известува дека луѓе од цела Унгарија пристигнале во Будимпешта, вклучувајќи голем број млади луѓе.
Малку по 10 часот, поворката се упатила преку мостот Маргарита, кој бил затворен од полицијата, кон плоштадот Кошут.

Централната церемонија започна во 13 часот, а се очекува говор да одржи и премиерот Виктор Орбан.
Националниот марш на партијата Тиса ќе започне во 14 часот на плоштадот Деак Ференц, додека движењето Наша домовина ќе се собере во 15 часот на Корвино.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата